Случајот за убиството на Лазо Милошевски, 74 годишниот старец од велешкото село Ореше по четврти пат денеска започнува во Основниот суд Велес. Обвинетите Ѓоре Петровски и браќата Ордан и Љубчо Ѓеоргиевски преку своите бранители одново ќе треба да докажат дека не го сториле делото за кое се осомничени, Петревски како нарачател на убиството и првообвинет, а браќата Ѓеоргиевски како извршители и второобвинети.
Овој предмет во велешкиот суд се суди од 2008 година. Изречени беа три пресуди. Во првите две на браќата Ѓоргиевски им беше изречена казна затвор во времетраење од 12 години додека третата откако заштитениот сведок „Бреза“ јавно проговори, судијата Илија Танев им изрече ослободителна пресуда. По жалбата на Јавното обвинителство сите три пресуди Апелацискиот суд Скопје ги поништуваше.Токму затоа денеска започнува одново судскиот процес кој е прв во Македонија за платено убиство.
Овој судски процес сега го води судиката Тања Милевска, откако претходниот судија Илија Танев заедно со Јавниот обвинител Ивица Ефремов, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров се отстранети од судот и приведени поради случајот „Ликвидација“.
Во овој случај поради откривање на заштитниот сведок „Бреза“ е осуден и новинарот Томислав Кежаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.