| четврток, 6 декември 2018 |

Дала отказ на оригинален начин

belgragjanka otkaz

26 годишната белграѓанка Катарина Јовановиќ завчера дала отказ од фирмата во која работела  на оригинален начин. Таа вели дека се решила да ја напушти работата затоа што и била досадна.

Идејата за начинот на кој му соопштила на работодавецот е на нејзин пријател. Катарина на себе ставила плакат со натпис „Давам отказ“ и се фотографирала. Потоа фотографијата ја ставила во коверт и му ја испратила на шефот со кого добро соработувала до тогаш. Сето тоа потоа го објавила на фејсбук.

– Работата ми го одземаше целиот ден. Затоа прекинав иако имав добра плата, објаснува Катарина за српски Блиц.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top