26 годишната белграѓанка Катарина Јовановиќ завчера дала отказ од фирмата во која работела на оригинален начин. Таа вели дека се решила да ја напушти работата затоа што и била досадна.
Идејата за начинот на кој му соопштила на работодавецот е на нејзин пријател. Катарина на себе ставила плакат со натпис „Давам отказ“ и се фотографирала. Потоа фотографијата ја ставила во коверт и му ја испратила на шефот со кого добро соработувала до тогаш. Сето тоа потоа го објавила на фејсбук.
– Работата ми го одземаше целиот ден. Затоа прекинав иако имав добра плата, објаснува Катарина за српски Блиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.