| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски утре во Брисел ќе се сретне со Расмусен

Премиерот, Никола Груевски, во текот на утрешниот ден ќе го посети седиштето на НАТО каде што ќе се сретне со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ќе присуствува на Северно-атлантскиот совет на Алијансата.

Премиерот Никола Груевски утре ќе го посети седиштето на НАТО во Брисел, каде што ќе се сретне со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ќе присуствува на Северно-атлантскиот совет на Алијансата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што соопшти Агенцијата, Груевски доаѓа на покана на првиот оперативец на Алијансата. Се очекува по средбата да има и заедничка прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top