Премиерот, Никола Груевски, во текот на утрешниот ден ќе го посети седиштето на НАТО каде што ќе се сретне со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ќе присуствува на Северно-атлантскиот совет на Алијансата.
Премиерот Никола Груевски утре ќе го посети седиштето на НАТО во Брисел, каде што ќе се сретне со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ќе присуствува на Северно-атлантскиот совет на Алијансата, јави дописникот на МИА од Брисел.
Како што соопшти Агенцијата, Груевски доаѓа на покана на првиот оперативец на Алијансата. Се очекува по средбата да има и заедничка прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.