| четврток, 6 декември 2018 |

Собраниска делегација во посета на Берлин, Германците со поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

delgacija

Делегација на Собранието на Република Македонија составена од пратениците Антонио Милошоски, Александар Спасеновски, Христина Рунчева, Сузана Салиу и Ермира Мехмети е во посета на Берлин.

Во текот на вчерашниот ден делегацијата имаше средби со пратениците Петер Вајс, претседател на Парламентарната група за Југоисточна Европа на германскиот Бундестаг, како и со Торстен Фрај, член на парламентарната Комисија за надворешни работи и прашања поврзани со Европската унија.

На средбите, информира собраниската прес-служба, се разговараше за можностите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија при што беше потенцирана нашата посветеност во овој процес преку остварените реформски активности. Се дискутираше и за грчко-македонскиот спор за името, претстојните избори во Република Македонија и можностите за понатамошно унапредување на македонско-германските односи.

На средбите уште еднаш беше искажана поддршката која што СР Германија и ја дава на Република Македонија за поскоро зачленување на нашата земја во ЕУ и НАТО.

Во текот на денешниот ден планирано е делегацијата да оствари средби со портпаролот на Сојузната влада, Штефен Зајберт, како и со претседателот на Комисијата за надворешна политика, Јоан Вадепул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top