| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ на „боледување“ уште една до две недели

Orlando Magic at Atlanta HawksТренерот на Атланта хоукс им потврдил на медиумите дека Перо Антиќ не завршил со рехабилитацијата по фрактурата на стапалото и таа ќе потрае и наредните недели. Антиќ доби заслужено место на олстар-пресметката во која ќе настапат најдобрите дебитанти и играчите на кои ова им е втора НБА-сезона, но пред два дена и официјално беше заменет со Мајлс Пламли откако не добил дозвола за настап во Њу Орлеанс од лекарскиот тим на Атланта.
– Тој не може да настапи на олстар-викендот, но и за Атланта и така ќе биде уште недела или две. Процесот на рехабилитација напредува, но Антиќ нема да се врати на теренот додека не е потполно здрав. Тоа е советот на лекарите и сите се придржуваме до него – изјавил Баденхолцер потврдувајќи дека паузата на Антиќ ќе заврши со најлошата варијанта од лекарското предвидување за мирување меѓу две и четири недели

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top