| четврток, 6 декември 2018 |

Полусестрата на Џулија Робертс пронајдена мртва

nancy-motes

Ненси Мотес, полусестрата на познатата холивудска актерка Џулија Робертс, е пронајдена мртва во стан во Лос Анџелес, јавија американските медиуми. Според првичните информации што ги објави семејството на Ненси, која е полусестра со Џулија по мајка, таа починала на 37-годишна возраст од предозирање.

„Во длабока жалост, семејството на Ненси Мотес потврдува дека таа е пронајдена мртва од, како што се претпоставува, предозираност. Целото семејство е во шок“, се вели во соопштението од семејството.

За смртта на Ненси сè уште не е објавено официјално полициско соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top