| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески најави изградба на затворен пазар во Охрид

Советниците на наредната седница која ќе се одржи во четврток ќе гласаат за изградба на затворен зелен градски пазар со јавно приватно партнерство после што ќе се распише тендер, објавува ТВМ. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека распишувањето на поваа постапка не се коси со правилата кои важат во време на предизборен период бидејќи процедурата за изградба на градски пазар е започната уште со изработката на физибилити студијата која е одобрена од Владата на РМ.

Бидете уверени дека оваа Локална смоуправа води строго сметка  за запазување на сите законски регулативи во делот на јавните набавки за време на изборниот циклус, рече Градоначалникот Никола Бакрачески.

Бакрачески вели дека според измените во изборниот законик донесени неодамна доколку во планот за јавни набавки е предвидено  објавување на тендер тоа значи дека таквата постапка понатаму може да се спроведува, но ќе побараме и мислење од Антикорупциската комисија околу реализацијата на тендерот, категоричен е Градоначалникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top