Поранешниот тренер на Манчестер сити, а сега шеф на стручниот тим на Галатасарај, Роберто Манчини, издаде низа оптужби кон раководството на неговиот поранешен тим.
– Познавам многу луѓе кои знаат многу, така и дознав дека додека бев на клупата во февруари, веќе преговарале со други менаџери – изјави Манчини.
– Знам дека зборувале со Гвардиола и со Анчелоти, и тоа токму оние луѓе со кои бев на вечера пред финалето на Купот на ФА, по кој бев отпуштен. Се однесуваа како со јуда, му верував на претседателот Калдон ал Мубарак, но Соријано и Бегиристајн ми направија проблеми, а претседателот само ги слушаше нивните инструкции. Некои луѓе не можат ништо да ви кажат во лице, цело време ми зборувале зад грб, а потоа ме отпуштија два меча пред крајот на сезоната – додаде револтираниот Манчини.
Манчини му ја донесе на Сити првата титула во Англија по 44 години пауза во сезоната 2011-2012, а беше отпуштен по шокантниот пораз од Виган во финалето на Купот на ФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Хет – трик на Агуеро за нова победа на Манчестер Сити (видео)
-
Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас