| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е среќникот што го освои првото „пежо 107“

Добитник на првиот автомобил „пежо 107“ од наградната игра на „Рио кафе“ е Предраг Ѓорѓиевски, а уште 11 автомобили ќе бидат доделени, секој месец по еден до крајот на годинава. Наградната игра „Отвори и добиј!“ на компанијата „Рио кафе“ почна на 15 јануари и ќе трае до 15 декември 2014 година.

1801076_10151936605463027_483238000_n

– Кафето „браво“ е моето омилено кафе кое го консумирам секојдневно. Откако почна наградната игра, при секое купување кафе погледнував внатре во кесичката со големо исчекување и желба да добијам автомобил. Искрено, целото семејство се израдувавме кога ја здогледавме добивката. Сега можеме со семејството да патуваме низ Македонија и да пиеме кафе „браво“ – вели Предраг Ѓорѓиевски, сопственик на првото „пежо 107“.

Носител на наградните автомобили е кафето „Браво премиум“ во пакувањата од 100, 200 и 500 грама. Наградите се впишани во внатрешната страна на пакувањето со три исти симболи што ја означува добивката.

1743346_10151936605553027_1248980977_n

– Ние Македонците сме едни од поголемите консументи на кафе со добро изграден критериум, знаеме да препознаеме квалитет и кафе со одличен вкус. Дотолку е поголемо значењето што во големиот избор од кафиња, присутни на нашиот пазар, потрошувачите го избираат токму нашето. Тоа е главната причина да ја организираме највредната наградна игра, создадена од една компанија, со цел да возвратиме и ја наградиме довербата дадена од нашите потрошувачи – изјави Кирил Андоновски, извршен директор на „Рио кафе“.

Вкупниот награден фонд е 12 автомобили, секој месец по еден автомобил и уште многу други награди, исто така, означени на внатрешната страна од пакувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top