Интер на „Џузепе Меаца“ го совлада тимот на Сасуоло со резултат 1-0, во натпреварот одигран во рамките на 23. коло од италијанската Серија А.
Интер во натпреварот влезе како фаворит, уште од самиот почеток пробуваше да постигне погодок, но по првите 45 минути, мрежите на двете екипи мируваа. На самиот почеток од второто полувреме „нероаѕурите“ успеаја да дојдат до водство. Ернанес одлично го изведе корнерот, а највисок во скокот со глава беше Валтер Самуел, кој ги постави конечните 1-0.
По оваа победа Интер се качи на 5. позиција со освоени 36 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.