| четврток, 6 декември 2018 |

Неделата почнува сончево со температура до 15 степени

sonce-esen

Новата работна недела ќе ја започнеме со услови за слаба магла и ниска облачност во дел од котлините, а на повискоките места со претежно ведро време. Но, веќе претпладне разведрување и претежно ведро време ќе има во поголем дел од земјата. Максималната температура, според метеопро.мк, ќе достигне вредност помеѓу 10°С и 13°С низ котлините. Максимални 15°С се очекуваат Гевгелискиот и Дојранскиот регион.

Во Скопје денот започнува со слаба магла и ниска облачност, но потоа се очекува разведрување и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе има вредност околу 2°С, а максималната околу 12°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top