
Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија, во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), денеска во Скопје ќе имаат средба со делегација на стопанските комори, асоцијации и здруженија на Албанија.
На средбата ќе бидат презентирани можностите за соработка во областа на земјоделството, прехранбената индустрија, трговијата и туризмот, со цел зголемување на меѓусебната соработка на компаниите од двете држави.
Ќе стане збор и за интензивирање на трговската размена и поттикнување на извозот на македонските производи и услуги, иницирање нови можности за заеднички настап на трети пазари и промоција на можностите за инвестиции во двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


