
Кристијане Вирц, портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека Меркел смета оти коментарите на помошникот на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, за улогата на Европската унија во украинската криза биле целосно неприфатливи.
Стејт департментот претходно соопшти дека Нуланд веќе ѝ се извинила на Унијата. Нуланд денеска во Киев одби да зборува за ова прашање додавајќи дека аудиоснимката била со многу добар квалитет. Во еден телефонски разговор таа вулгарно се изразила за напорите на Унијата во решавањето на кризата во Украина.
Вирц додаде дека Меркел верува оти шефицата на европската дипломатија Катрин Ештон врши одлична работа околу Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


