| четврток, 6 декември 2018 |

Огромни бранови ја поплавија Бретања, Франција

FRANCE-SHIPФранцуската метеоролошка служба прогласи највисоко, црвено ниво на тревога поради поплавите во крајбрежната област Бретања откако претходно прогласи тревога од втор, портокалов степен во 29-от округ од Бретања до Париз.

Огромното делови од Франција, од Бретања на северо-исток и вклучувајќи го и Париз, се очекуваат прекини на струјата и блокирани патишта, иако беа во состојба на готовност заради силни ветришта и поројни дождови во четвртокот. По бурата Петра бранови предизвикаа поплави и оштетување на имотот на западниот брег на Франција, а сега бурата Квамаира се очекува да пристигне од Португалија.
Во изминатите денови баскиската област на француската граница со Шпанија, ја погоди невреме кое предизвика огромни бранови, силни ветрови и поројни дождови. Во невремето еден шпански товарен брод удри во ѕид во француското пристаниште Бајон и се скрши на два дела. Во Шпанија ветрот со јачина од 130 километри на час, предизвика бранови на западниот брен високи осум метри и предизвикаа штети од повеќе милиони евра.
Невреме ја погоди и Велика Британија, која ја ангажираше кралската морнарица да помогне во сузбивањето на разорните поплави, незапаметени во последните 250 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top