Филмот „Монтевидео, се гледаме!“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ од 13 февруари доаѓа во „Синеплекс“. Станува збор за продолжението на популарниот филм „Монтевидео, бог да те види“ од 2010 година, кој во регионот стана голем хит и врз основа на кој е снимена истоимената телевизиска серија. Неговото продолжение ни доаѓа во киното „Синеплекс“ од 13 февруари!
Дејствието на филмот „Монтевидео, се гледаме!“ е фокусирано на играчите на југословенската фудбалска репрезентација кои во 1930 година пристигаат во познатиот град во Уругвај, каде што ќе се оддржи Светското фудбалско првенство. Покрај самите натпревари што ги одигра тогашната репрезентација за време на првенството, во филмот паралелно следиме и неколку интересни приказни (кои љубовни, кои национални, а кои и фудбалско-професионални).
Во филмот главните улоги ги толкуваат Милош Биковиќ, Петар Стругар, Бранко Џуриќ, Виктор Савиќ, Небојша Илиќ, Војин Четковиќ и Предраг Васиќ. Во една од споредните улоги се појавува и познатиот холивудски актер Арманд Асанте во улога на фудбалски менаџер. По големиот успех на филмот „Монтевидео, бог да те види“ подоцна се појавува и серијата. Во меѓувреме режисерот Бјелогрлиќ во потполна тајност го снима и филмот „Монтевидео, се гледаме!“, а самата продукција е една од најскапите некогаш снимени на нашите простори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Синот на Драган Бјелогрлиќ наполни 18 години, кои фаци му дојдоа на забавата?
-
Минути го делеа момчето од смрт: Стакло му ја пресече артеријата на 11-годишно момче, Бјелогрлиќ го пикна во автомобил и го однесе во болница!
-
Драган Бјелогрлиќ: Балканот е многу поинтересен од Европа, ама ние не знаеме како да го пласираме на филм
-
Му преседна одморот-Драган Бјелогрлиќ ограбен!