| четврток, 6 декември 2018 |

Надзорни камери снимаат и под тушевите во Сочи

Прва вест по пристигнувањето на новинарите во Сочи пред почетокот на Олимписките игри беа лошите услови во хотелите.

На тие извештаи реагираше заменик-премиерот на Русија, Димитри Козак, кој е одговорен за олимписките подготовки. Тој изјави дека хотелските надзорни камери покажуваат дека состојбата на хотелите е добра. Козак го кажа тоа во што многу Руси веруваат дека некои западни посетители намерно сакаат да му наштетат на угледот на организацијата на Игрите во Сочи.

– Имаме видеонадзор во хотелите кој покажува дека луѓето го пуштаат тушот, го местат кон ѕидот, а потоа ја напуштаат собата на цел ден – изјави Козак.

Неговиот помошник го одвлече од новинарите пред да можат да прашаат повеќе за камерите во хотелските соби.

На бизарната листа на работи од собите сега новинарите можат да ги додадат и надзорните камери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top