| четврток, 6 декември 2018 |

Проект во Свети Николе и во Штип за брендирање на руралните бизниси и задржување на младите

Sveti_Nikole_43

Во Свети Николе и во Штип е во тек реализацијата на проектот „Брендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области“

Главната цел на проектот е да се зголеми бројот на претприемачки бизниси во овој дел на Македонија. Прво ќе се идентификуваат традиционалните бизниси и вештини за обработка на предмети со највисок потенцијал и нивно претворање во профитабилни компании.
Тоа ќе им овозможи на младите луѓе подобри и поголеми шанси за препознавање на вистинската професија и продолжување на животот во својата општина. Со активностите предвидени во проектот директно ќе се влијае на невработеноста кај младите, како еден од најголемите социјални проблеми во руралните области во рамките на микрорегионот.
Втора цел е да се влијае врз намалувањето на економската стапка на миграција на младите луѓе во овој микрорегион и нивна преселба во поголемите градови во Македонија или заминување во странство.
Во рамките на проектот што се имплементира од страна на Здружението за развој, претприемништво и претприемачко учење „Марвел-АДЕЕЛ“ во партнерство со компанијата „СИ комуникејшн“ од Скопје и општина Свети Николе, предвидено е  организирање на повеќе обуки.

Овој проект е финансиран од страна на УНДП преку програмата за Поддршка на социјално претприемништво за млади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top