| четврток, 6 декември 2018 |

Партиите во ровови, новинарите гради в гради

Миленко и Геро, Жоро и Ерол

Продолжува јавната битка меѓу новинарите. Почна пред две недели, откако весникот „Вест“ објави анкета за тоа која македонска новинарка, по српски терк, може без гаќи да направи интервју со премиерот, а „Вечер“ во знак на одмазда поради споменувањето на главниот и одговорен уредник, Ивона Талевска, на насловната страница праша „има ли хомосексуалци меѓу новинарите“. Сега има судир на „Фејсбук“, но и преку медиумите во кои работат учесниците конфликтот.

Водителот на шоуто „Миленко Неделковски“ на телевизија „Канал 5“ пред неколку дена го нападна уредникот и колумнист  на дневниот весник „Фокус“,  Бранко Геровски дека има двојни принципи, притоа обвинувајќи дека Геровски од работа избркал четириесетина новинари и други соработници од редакцијата.

На тоа Геровски преку неговиот профил на „Фејсбук“ одговори дека Миленко „булазнел“ кога тврдел дека избркал луѓе од работа, притоа прашувајќи го дали е шарпланинец или пудлица?

Внатреновинарски судир се случи во последната колумна на главниот и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“ Зоран Димитровски, кој пишува за долгогодишниот  прв човек на „Утрински весник“ Ерол Ризаов. Во текстот Димитровски објаснува дека Ризаов, кој сега постојано ја критикува власта, бил „калфа“ на поранешниот комунистички режим и на почетокот на демократијата во Македонија.

Ризаов постојано систематски ги напаѓал претставниците на опозијата, а притоа за разлика од Димитровски, кој ги критикувал сите влади од принципиелни причини, Ризаов никогаш не ги критикувал олигарските за чиишто интереси работел, пишува во својот коментар „глодурот“ на Нова Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top