Кондиторската компанија „Фереро“ и Владата на Србија потпишаа меморандум за разбирање, на основа на кој таа италијанска фирма ќе заснова сопствено производство на лешници на 1.000 хектари во Србија. Соработката со „Фереро групацијата“ ѝ овозможува на Србија во наредните 10 години да стане европски лидер во производството на лешници.
– Соработката со „Фереро“ на Србија ѝ овозможува во наредните 10 години да стане европски лидер во производство на лешници, со оглед на тоа дека во моментов има околу 1.000 хектари засадени со лешник и дека засега се увезуваат 90 проценти од лешниците -главно од Турција и од Грузија – додаде Гламочиќ.
Според него, меморандумот подразбира вложување во земјоделството, вработување на луѓе во руралните подрачја, но и можност производителите на лешници од подрачјето на централна и јужна Србија преку кооперантски односи со „Фереро“, најлесно да остварат заработка.
Компанијата „Фереро“ е водечка интернационална компанија во кондиторската индустрија со богато искуство во развојот и управувањето со земјоделските проекти, посебно во делот на одгледување лешници.
Меѓу производите на компанијата „Фереро“ се кремот „нутела“, „киндер“, „рафаело“,„фереро роше“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци
-
Штедењето за пред народот, по кабинетите расипништво: За бадеми и лешници се трошат 5 000 евра
-
Тренерите од поранешна Југославија потпишаа меморандум за соработка
-
Македонија и Кина ќе потпишат меморандум за соработка во областа на трудот и на социјалната сигурност