| четврток, 6 декември 2018 |

Српски лешници за бонбоните „фереро“

ferrero_rocher

Кондиторската компанија „Фереро“ и Владата на Србија потпишаа меморандум за разбирање, на основа на кој таа италијанска фирма ќе заснова сопствено производство на лешници на 1.000 хектари во Србија. Соработката со „Фереро групацијата“ ѝ овозможува на Србија во наредните 10 години да стане европски лидер во производството на лешници.

Министерот за земјоделство на Србија во оставка, Драган Гламочиќ, по потпишување на меморандумот истакна дека целта е до 2020 година под лешник бидат заседени 10.000 хектари.

– Соработката со „Фереро“ на Србија ѝ овозможува во наредните 10 години да стане европски лидер во производство на лешници, со оглед на тоа дека во моментов има околу 1.000 хектари засадени со лешник и дека засега се увезуваат 90 проценти од лешниците -главно од Турција и од Грузија – додаде Гламочиќ.

Според него, меморандумот подразбира вложување во земјоделството, вработување на луѓе во руралните подрачја, но и можност производителите на лешници од подрачјето на централна и јужна Србија преку кооперантски односи со „Фереро“, најлесно да остварат заработка.

Компанијата „Фереро“ е водечка интернационална компанија во кондиторската индустрија со богато искуство во развојот и управувањето со земјоделските проекти, посебно во делот на одгледување лешници.

Меѓу производите на компанијата „Фереро“ се кремот „нутела“, „киндер“, „рафаело“,„фереро роше“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top