Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х беше дел од тимот што ги изработи ефектите на најпознатиот полицаец на светот „Робокап“.
Тие се најдоа во дел од тимот како резултат на соработката со „Метод студиос“ која почна во 2013 година.
На филмот работеа 22 артисти на 112 кадри со должина од 18 минути. Оваа научнофантастична акција на Хозе Падиља се одигрува во 2028 година, во Детроит, каде што Џоел Кинеман, во улога на Марфи, сакан сопруг, татко и добар полицаец, е критично повреден за време на полициска задача.
Мултинационалниот конгломерат „ОмниКорп“ веднаш ја искористи шансата да креира получовек, полуробот полицаец.
Останатата актерска екипа ја сочинуваат Гери Олдман, Мајкл Китон и Семјуел Л. Џексон. Филмот премиерно ќе биде прикажан на 6 февруари во киното „Синеплекс“, една недела пред американската премиера на 12 февруари.
Само во првиот викенд на прикажување во Малезија, Тајван и Сингапур, филмот заработи 5,5 милиони американски долари, што покажува на нов холивудски блокбастер во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.