Диди де Графт во Билефелд работи како продавач во супермаркет во Билефелд, Германија, а инаку е крал во една провинција во Гана, Африка.
Тој со своето кралство управува од Германија, преку телефон или скајп, а кога треба да се донесат важни одлуки, заминува за Гана, со својата сопруга, инаку Германка. Таму дочекот им е „кралски“. Тој венчава, казнува криминалци, ги донесува сите важни одлуки во своето кралство и за тоа не добива пари. Управувањето со провинцијата е на доброволна основа. Кога е во Германија, работи како продавач на тропско овошје во еден супермаркет.
– Многу е природен и симпатичен. Секогаш има насмевка на лицето. За мене е човек исто како и другите – вели една муштерика во супермаркетот каде што редовно пазарува и го среќава Диди.
Тој планира да изгради водовод и канализација во својата земја, која скоро и да ја нема во Гана.
извор: Дојче Веле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.