Владата направи одредени измени во концептот со кој што ќе се зголеми атрактивноста за изградба на 80 мали хидроелектрични централи, најави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.
На први овој месец, како што рече Пешевски, беше објавен шестиот јавен повик за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на 80 мали хидроелектрични централи.
-Една од главните промени, која што ќе биде финализирана во наредниот период е промена на концептот на тарифи со кои наместо сегашниот модел се предлага нов модел каде во зависност од самата инсталирана моќност на дадена централа ќе има една блок тарифа која што ќе се применува за произведената електрична енергија од таа централа при што централите ќе бидат групирани во неколку групи- рече Пешевски.
Со новиот модел, како што рече тој, ќе може да се очекува кај оние што се помали хидроцентрали со моќност до 1,5 мегaвати да се зголеми на тарифите за четири до шест отсто.
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми нагласи дека изградбата на 80 мали хидроцентрали ќе значи подобрување на животната средина, намалување на климатските промени и зголемување на процентот на
искористување на обновливте извори на енергија.
– Со измените во јавниот повик во 16 групи се групирани 48 локации за изградба на мали централи и тоа според водотеци, географска близина, можна приклучна точка и пристапен пат. Другите 32 локациии ќе бидат поединечно понудени. Во соработка со ИФЦ е подготвена тендерската документација, моделот на договорот и веб порталот за малите хидроелектрични централи кој е вграден во сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање- рече Адеми.
Во досега објавените пет повици за изградба на мали хидроцентрали низ Македонија потпишани се 67 договори, а целосно се изградени 14 мали хидроелектрани. Останатите се во фаза на градба.
Светска банка во Македонија има евидентирано вкупно 400 локации на кои може да се градат мали хидроцентрали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тодоров: Банката на Советот на Европа го следи секој чекор за изградбата на новиот Клинички центар
-
Се реконструира автопатот Неготино – Демир Капија, инвестицијата вреди пет милиони евра
-
До крајот на годинава ќе почне изградбата на новата зграда на ОУ „Димитар Македонски“ – Скопје
-
До крајот на годината треба да заврши изградбата на Стариот театар во Струмица