По „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) и Мекедонскиот електропреносен систем (МЕПСО) доби директорско засилување, објави денеска Фактор.
Смена е направена на седум директорски позиции во МЕПСО. Во Управниот одбор на оваа државна компанија седнуваат Ацо Ристески, Ненад Јовановски, Сашо Василевски, Ненад Крстевски, и Кирил Ачкоски кои им се придружуваат на досегашните членови Синиша Спасов (генерален директор на МЕПСО), Крсто Мукоски и Катерина Глигорова.
Ацо Ристески и Ненад Јовановски и досега работеа во компанијата и се унапредени на директорски позиции.
Професорите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) Мирко Тодоровски и Драгослав Рајичиќ седнуваат во Надзорниот одбор на МЕПСО. Во Надзорниот одбор на компанијата остануваат и досегашните членови Спирo Мавровски, Михаил Цветков, Ромео Јосифоски, Раско Мишкоски и на Фатмир Лимани.
Смените во државниот електропреносен систем од владата се оправдуваат со потребата да се пополнат испразнетите места.
„Во МЕПСО долго време неколку директорски места беа празни. Именувањето на нови членови во Управниот и во Надзорниот одбор на МЕПСО е завршеток на процесот кој го почна Владата уште минатата година со објавата на огласи за ангажирање на високи државни раководни функции“, објаснуваат владини извори за Фактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.