Движењето за човекови права на Македонците го осуди судскиот прогон на активистот за човекови права и портпарол на Грчкиот хелсиншки комитет, Панајотис Димитрас.
Димитрас, кој е познат како еден од ретките грчки интелектуалци што отворено зборуваат за кршење на правата на Македонците и другите малцинства во Грција, е сведок во процесот против адвокатот Константин Плеврис.
Плеврис е автор на антисемитската книга „Евреите: целата вистина“, во која го глорифицира Хитлер и повикува на истрабување на Евреите.
Во 2009 година Плеврис беше осуден на условна казна од 14 години затвор за расно насилство, но подоцна судот ја прифати неговата жалба и тој беше ослободен од обвиненијата за кои сведочеше и Димитрас.
Во својата одбрана пред судот Плеврис го обвини Димитрас дека е предавник и активно и јавно го поддржува постоењето на македонското малцинство во Грција.
Наместо да ги казни расистичките и антинастроени антисметисти во редовите на политичарите и верските лидери, Грција одбира да ги таргетира малцинствата и нивните подджувачи, се вели во реакцијата на Движењето за човекови права на Македонците.
Движењето бара меѓународната заедница да ја осуди Грција за таквиот однос кон малцинствата и да ја повика да ги почитува меѓународните договори што ги има потпишано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција