| четврток, 6 декември 2018 |

Атина напаѓа грчки интелектуалец што е промакедoнски настроен

 

Движењето за човекови права на Македонците го осуди судскиот прогон на активистот за човекови права и портпарол на Грчкиот хелсиншки комитет, Панајотис Димитрас.

Димитрас, кој е познат како еден од ретките грчки интелектуалци што отворено зборуваат за кршење на правата на Македонците и другите малцинства во Грција, е сведок во процесот против адвокатот Константин Плеврис.

 

Plevris

 

Плеврис е автор на антисемитската книга „Евреите: целата вистина“, во која го глорифицира Хитлер и повикува на истрабување на Евреите.

Во 2009 година Плеврис беше осуден на условна казна од 14 години затвор за расно насилство, но подоцна судот ја прифати неговата жалба и тој беше ослободен од обвиненијата за кои сведочеше и Димитрас.
Во својата одбрана пред судот Плеврис го обвини Димитрас дека е предавник и активно и јавно го поддржува постоењето на македонското малцинство во Грција.

Наместо да ги казни расистичките и антинастроени антисметисти во редовите на политичарите и верските лидери, Грција одбира да ги таргетира малцинствата и нивните подджувачи, се вели во реакцијата на Движењето за човекови права на Македонците.

Движењето бара меѓународната заедница да ја осуди Грција за таквиот однос кон малцинствата и да ја повика да ги почитува меѓународните договори што ги има потпишано.
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top