Цената на бакарот паѓа десетти ден по ред, што претставува најдолг период на пад на вредноста на овој метал од 1986 година.
Ниската цена е последица на помалата побарувачка поради забавувањето на преработувачкиот сектор во Кина и во САД, како водечки светски потрошувачи на бакар.
Цената на бакарот за испорака за три месеци на Лондонската берза на обоени метали падна за дури 0,3 отсто, на 7.016 долари за тон, што е најниско ниво од 4 декември, јавува „Блумберг“.
Фабриките во САД го зголемија производството во јануари со најбавно темпо за последните осум месеци, додека нарачките забележале најголем пад од декември 1980 година, покажале податоците на американскиот Институт за управување со набавки.
Од друга страна, во Кина индексот за управување со набавки во јануари паднал на најниско ниво за шест месеци. Во минатата година, цената на бакарот во Лондон паднала за 15 отсто, делумно поради забавување на стопанскиот раст на Кина.
Според проценките на американската банка Голдман Сакс, глобалните резерви на бакар оваа година ќе ја надминат побарувачката за 385.000 тони, по суфицитот во резерви од 45.000 тони во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.