| четврток, 6 декември 2018 |

„Пума“ го носи Балотели во Арсенал?

Во италјанските медиуми излезе информација дека Марио Балотели може налето да се пресели во редовите на Арсенал.
Покрај заинтересираноста на Жозе Мурињо да го доведе во редовите на Челси, „Пума“, која е нов спонзор на Арсенал и на играчот, може да помогне во комплетирањето на трансферот на Супер Марио во клубот од Лондон.
Неговиот менаџер Мино Раиола демантира дека тој ќе го напушти Милан во јануарскиот преоден рок, но не сакаше да се изјаснува за летниот период.
Од Милан изјавуваат дека лесно можат да се ослободат од Балотели доколку некој плати 30 милиони евра.
Тие се незадоволни од неговата игра. Некогаш го „нема“ на теренот во текот на целиот меч, а некогаш не знаете што глупост може да направи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top