Фудбалерите на Јувентус продолжија со доминацијата во италијанската Серија А. Тие на домашен терен ја совладаа екипата на Интер со резултат 3-1 во големото дерби од 22. коло.
Можеби некогаш најголемото дерби на Италија, но овој пат гледачите во Торино немаа можност да го видат тоа што некогаш се нарекуваше дерби на Италија кога нивните дуели често знаеја да одлучуваат за првото место.
Лихтштајнер во првото и Џорџо Кјелини и Артуро Видал во второто полувреме му обезбедија високи 3:0 на домаќинот до 56. минута, Интер преку Роландо само успеја да го ублажи поразот на 3:1 во 72. минута.
Јувентус остана лидер на табелата со 59 бода, додека Интер е шести со 33.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.