| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот работен ден во февруари носи повеќе сонце

sonce vo zima

Првиот работен ден од февруари ќе донесе повеќе сончеви периоди. Денот ќе почне со мала до умерена облачност, а потоа следува поголемо разведрување.

Според „Метеопро“, речиси без облаци ќе помине денот во крајните источни делови од земјата. Во вечерните часови ќе има услови за слаба магла по котлините. Максималната ќе достигне вредност меѓу 7 Целзиусови степени и 9 Целзиусови степени низ котлините.

Малку потопло, со максимални 10Целзиусови степени, ќе биде во гевгелискиот и дојранскиот регион.

Во Скопје понеделник ќе почне со умерено облачно време, апотоа се очекува намалување на облачноста. Постои мала веројатност за појава слаба магла во текот на вечерта. Ќе дува слаб ветер. Максималната температура ќе има вредност околу 8 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top