| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар стартуваше со победа во четвртфиналната група

Во првиот натпревар од продолжението од Лигата на шампионите ЖРК Вардар успеа да го совлада германскиот шампион Турингер со 31-25. Турингер се покажа како цврст противник кој форсираше брза игра во текот на сите 60 минути. Иако во Скопје дојдоа со само 11 ракометарки од кои две се голманки не се почуствува недостатокот на петте играчи кои се пожалија повреди.
Вардар беше комплетен и со неколку измени во составот секогаш на теренот имаа свежи играчи. Во првиот дел Хмирова беше таа што беше мотор на екипата, додека во вториот дел Пино и Лекиќ ги разигруваа своите соиграчки.
vardar-thuringer-9На голот беше фантастичната Ина Суслина која фати 18 топки и одлично го бранеше својот гол затварајќи го одлично приодот и изнудувајќи тешки удари од своите противнички.
Речиси сите играчи покажаа дека можат да бидат дел од ракометна Европа и со успех да настапуваат во самиот врв.
Во првиот дел вардарки играа во грч бидејќи мораа да паузираат цели два месеци. Сепак во вториот дел поразноврсната игра со влегувањето во игра на најдобриот играч на светот Андреа Лекиќ дојде до израз. Лекиќ како вистиснки лидер постигнуваше голови, но и ги разигруваше своите колешки од клубот.
vardar-thuringer-11Разновидната игра во нападот доведе да џокерот од клупата на Кастратовиќ црногорската интернационалка Дмитровиќ постигне шест голови од седум обиди. За одбележување е реализацијата на Црвенковска од линијата од седум метри. Таа постгина четири гола од пет обиди. Хмирова и Лекиќ исто така постигнаа по четири гола.
Кај гостинките од Германија се истакаа голманот Мерц со 12 одбранети удари и Ивета Лузумова која даде 8 гола.
Следниот натпревар македонскиот шампион гостува во Шведска кај тимот на Санехоф кој во првиот натпревар од оваа фаза во Лигата на шампионите загуби минимално од Митјиланд со 25-24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top