
Вонредните парламентарни избори може да бидат само излез од ситуацијата во која се најде владината колаиција откако ДУИ веќе подолго време ја заговара идејата за консензуален претседател, но изборите нама да бидат и решение за оваа иницијатива. Ова е став на Муса Џафери, вицепремиерот за спроведување на Рамковнииот договор.
Тој во интервју за „Прес24“ вели дека уште има време во кое може низ разговори да се дефинира решение за нивата идеја, која според него треба да доведе до зголемен легитимитет на функцијата претседател на државата.
– Дали тоа ќе ги надмине разликите, треба да се види наредните денови.. месец.. не знам колку уште простор има.. мислам еден месец. Да, видиме до каде можеме да стигнеме со сите разговори и како тоа ќе изгледа на крај со сите надмудрувања и што ќе биде излез од ситуацијата? За мене не би значело дека ако имаме излез од ситуацијата, дека тоа ќе биде решение за идејата како еден вид на стандард. Ама минимално ќе се бара да има излез од ситуацијата, вели во интервјуто за Прес24, Муса Џафери.
Идејата за консензуален Претседател, според Вицепремиерот не е за банализирање. Ниту пак таа идеја е осмислена како едно алиби, како што оценуваат опзицисските албански партии за креирње криза во владината коалиција, со цел предизвикување вонредни парламентарни избори. И токму од тие причини, Џафери во интервјуто за Прес24, вели дека ДУИ ниту врши притисок врз коалициониот партнер, нуту пак по секоја цена ќе инсистира на овие избори преку коалиција со други партии да излезе со консензуален претседатлески кандидат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


