| четврток, 6 декември 2018 |

Најпознатите музички роботи без маски

Членовите на легеднарното француско музичко дуо Дафт Панк, Гај Мануел и Томас Бенгалтер, кон крајот на јануари конечно се видени без нивните роботски одела со кои се појавуваат пред камерите.

Познати по нивните хитови, но и по необичните маски, француските музичари успеаја во текот на изминатите години да го сочуваат нивниот идентитет во тајност и да уживаат во мирен живот.

Кај новинарите се познати по тоа што на интервјуата секогаш доаѓаат маскирани, а во претходните децении тие дале неколку интервјуа без маски, тоа биле ретки моменти да ги видиме во нивното природно издание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top