| четврток, 6 декември 2018 |

Од солариум 450 илјади луѓе годишно добиваат рак на кожа

Секоја година во светот повеќе од 450.000 случаи на рак на кожата е директно поврзана со солариумите, покажало истражувањето објавено во американското медицинско списание „Јама Дерматолоџи“.

Научниците од Универзитетот Стенфорд, Калифорнија анализирале 88 истражувања од Европа, САД и Австралија и откриле дека 35,7 проценти од возрасните, 55 проценти од учениците, односно 19,3 отсто од младите луѓе го користат вештачкото сончање.

Врз основа на истражувањата од различни податоци, експертите утврдиле дека глобалниот ризик од рак на кожата поврзан со солариуми е поомеѓу три и 21,8 проценти.

Благодарение на овој процент, тие пресметале дека 450.000 случаи на рак на кожата се директно поврзани со вештачкото УВ зрачење.

– Ова се резултатите кои покажуваат сериозен здравствен проблем во развиените земји, тврдат истражувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top