Дерматолозите во Србија бараат целосна да биде забранета употребата на солариумот во Србија за помлади од 18 години, поради неговото канцерогено дејство, соопштуваат од Здружението на дерматолози на Србија и одборот за меланом на српското лекарско друштво.
– По 18-тата година употребата на солариумот може да биде дозволена само откако корисниците ќе бидат информирани за сите ризици на кои што се изложуваат, се наведува во соопштението и се наведува дека таквата постапка е веќе на сила во сите земји на ЕУ.
Експертите по повод новите податоци за канцерогените ефекти на солариумот укажуваат дека во Србија годишно се откриваат околу 500 до 600 нови случаи на меланом, а според податоците на тамошниот Институт за јавно здравје забележан е пораст на болеста кај лицата до 29 години и тоа пред се кај женската популација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.