Феликс Баумгартнер на крајот од 2012 година го воодушеви светот со скокот од работ на вселената, а со тоа стана и една од најзборуваните теми во текот на годината.
Новото видео покажува низ што се поминувал Баумгартнер за време на скокот кој му донесе светска слава, а покрај тоа можеме да го видиме малку од поинаков аспект, односно неконтролираното движење кое можеше да го чини живот.
Колку за потсетување, Баумгартнер скокна од височина од 39 километри и во текот на слободниот пад го проби звучниот ѕид. Покрај тоа, тој постави уште два светски рекорди – највисок лет со балон и највисок скок со падобран.
Иако и претходно беа објавени неколку снимки од слична перспектива, ова ново видео, за помалку од 24 часа собра околу 700.000 прегледи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


