| четврток, 6 декември 2018 |

Кои сe наjлуксузните предмети вo светот?

 Екипата, што раководи со луксузната резиденција „One Queensridge Place“ во Лас Вегас, состави список на најлуксузните предмети, кои можат да бидат купени со пари. На прво место е јахтата “Еклипс” на Роман Абрамович за 1,5 милијарди долари. “Еклипс” е долга 164 метри, има 24 соби за гости, 2 писти за хеликоптери, 2 базена и ноќен бар. Ако ова не е доволно, на разполагање има и мини подморница. Јахтата е опремена со противракетен одбранбен систем, блиндирани прозорци , дури и систем за заштита од папараци.
9357golema
Најскапото нешто што било кога се продавало на лицитација, е триптихот на британскиот уметник Франсис Бекон – „Тriptych of Lucian Freud “. Тоа е најскапата слика во светот, продадена од аукциската куќа „Кристи“ за 142,4 милиони долари.
Најскапото шампанско чини 232 000 долари за шише, кое прави 29 000 за чаша вино или 2000 долари за само една голтка.
check-out-the-incredible-patek-philippe-watch-museum-that-just-opened-in-nyc
Друг скап предмет, кој еден богаташ може да си го дозволи, е џебен часовник „Patek Philippe“ за 11 милиони долари.
8c73074c-2305-11e2-938d-00144feabdc0.img
Најскапиот автомобил е „Ferrari“ 250 GTO за 52 милиона долари, кој го освојува автомобилскиот натпревар „Тур де Франс“ во 1963 година. Во светот има само 33 останати автомобили од овој модел. На последно место е вереничкиот прстен со розов дијамант за 46,2 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top