| четврток, 6 декември 2018 |

Поставен камен-темелник за споменикот „Фаќачот на крст“ во Охрид

Денеска , на празникот Св. Атанасиј свечено беше поставен камен темелникот  за изградба на новото спомен обележје за Водици кај градското пристаниште во Охрид, донација од Ванчо Чифлиганец, објави порталот „Охрид 1“. Фундаментот има три тона железо, 10 метри кубни бетон и е висок 2 метра. Самата скулптура, „Фаќачот на крстот“ изработена во бронза, ќе биде висока три метри и 10 сантиметри и се очекува да биде завршен и поставен пред почетокот на годинешната летна туристичка сезона.

Osvetuvanje_spomenik_port_2014_3

Скулптурата Фаќачот на крстот во бронза ќе биде дело на велешкиот скулптор Ангел Коруновски. Идејното решение, како што рече тој, го работел во духот на христијанството.

– Скулптурата отсликува еден христијански херој. Сите го следиме ваквото случување за Водици и знаеме колку е возвишен тој миг. Главната цел ми беше да го глорифицирам самото фаќање на светиот крст. Создадов младо момче за да биде како еден вид апел до сите млади луѓе да се охрабруваат и да пливаат до Светиот крст. Тој е со аскетски издолжено тело  за да симболизира на христијанството и аскетизмот, истакна Коруновски.
Спомен обележјето  посветено на големиот христијански празни Богојавление- Водици се подигнува на иницијатива на кумот на манифестацијата за 2012-та година, Ванчо Чифлиганец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top