Најавите за отцепување на полуостровот Крим од Украина , која поминува низ длабока политичка криза, го отвори прашањето за нови кризни жаришта во Европа. Медиумите деновиве објавуваат карта со ново-старите потенцијални жаришта на најстариот континент, објавува весникот „Нова Македонија“.
Две нови држави кои можат да се формираат во најскоро време се Шкотска, Баскија и Каталонија, но постои можност и за појава на други потенцијални државички.
Една од нив е Република Српска, за која нивните жители сметаат дека нема пречки за осамостојување на српскиот ентитет. Во ова сценарио се и одвојувањето на другите два ентитета во БиХ хрватскиот и босанскиот, како и осамостојувањето на регионот Санџак во Србија.
Војводина е исто така регион со статус на автономна покраина, а веќе има предлози од некои кругови Србија да биде Сојузна држава од Република Србија и Република Војводина!
Шкотска веќе има најавено референдум на 18 септември на која ќе се одговори на прашањето дали да биде независна држава. На истиот пат се и Баскијците и Каталонците, кои бараат осамостојување од Белгија и Шпанија.
Во потенцијалните жаришта се и Коризика кои се декларираат дека не се Франција. Исто така, одвојување бараат и Сардинија и Паданија од Италија.
И на крајот како најкритични се споменуваат и регионите во поранешниот СССР- Абхазија, Јужна Осетија…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа


