| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на „Димитрија Чуповски“: ВМРО-ДПМНЕ со 11% предност пред СДСМ, Груевски убедливо најпопуларен

vmro-dpmne-sdsm

ВМРО-ДПМНЕ има 11 проценти поголема доверба кај граѓаните од СДСМ, а премиерот Никола Груевски е убедливо најпопуларниот политичар меѓу гласачкото тело, трипати повеќе од неговиот конкурент од опозицијата Зоран Заев, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“.

Според телефонската анкета спроведена во периодот меѓу 24 и 26 јануари на 1.530 испитаници, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 26,1 проценти од анкетираните, а СДСМ од 15,1 проценти. За ДУИ се изјасниле 7,9 проценти, а за ДПА 3,9 проценти. Од помалите партии најголем рејтинг имаат ГРОМ со поддршка од 1,5 проценти и НПД од 1 процент. Како неопределени се изјасниле 28,3 проценти од испитаниците.

На прашањето „Кој е политичарот во кого имате најголема доверба?“ за Груевски се изјасниле 26,7 проценти од анкетираните. Во лидерот на опозицијата доверба имале три пати помалку, односно 7,5 проценти. Трет најпопуларен политичар во државава е Али Ахмети со поддршка од 7,2 проценти, а зад него е Мендух Тачи со 3,8 проценти. Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, има поддршка од 1,5 процент, а поранешниот негов сопартиец и актуелен претседател на партијата ГРОМ, Стевче Јакимовски, од 1,3 процент. За лидерот на НДП, Руфи Османи, се изјасниле 1,2 процент, а во потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, доверба изразиле 1 процент од анкетираните.

На прашањето „Која партија ќе победи на следните избори“, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 32,9 проценти, а за СДСМ 14,8 проценти.

Во анкетата, која била на ниво на целата територија на Република Македонија, биле опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст и етничка припадност. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top