| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовска: Чиј е луксузниот џип со кој се вози Шекеринска?

Шекеринска

Шекеринска

Радмила Шекеринска, од ден на ден сѐ повеќе и повеќе се вовлекува во хаосот кој, очигледно, сама со години го создавала околу себе. Нејзините оправдувања на легитимните прашања поставени од нас изгледаат хаотично, но и жално за еден политичар, кој себеси милувал да се претстави во европско светло. Три дена по ред да одбивате да дадете одговор на основни прашања е прекумерна дрскост и омаловажување на јавноста. Ние побаравме да кажете како е возможно да издавате сопствен стан за да живеете сами во него и да ѝ објасните на јавноста како е можно да наплаќате по 5 317 евра месечно за кирија за стан кој не вреди повеќе од 800 евра. Вие одбивате да одговорите и со тоа само покажувате дека признавате дека сте фатени на дело во нереални финансиски односи кој вам ви создава екстраприход од 10.716 денари секој ден – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dzip-rada

Оттаму велат дека скандалозноста околу имотниот лист продолжува и натаму.

Во текот на вчерашниот ден на дел од медиумите беа покажани фотографии од луксузен и нов џип во кој вие често се возите. За волја на вистината тој џип често го гледаме на паркингот на Собранието. Сме виделе и дека го возите, но и дека понекогаш ве возат, госпоѓо Шекеринска. Госпоѓата Шекеринска вчера кажа дека не се возела со тој луксузен џип. Но не е така. За жал, не ја кажа вистината. Ние се обидовме во вашиот анкетен лист да пронајдеме информации за тоа каков џип имате пријавено и од кога е тој џип пријавен во вашиот анкетен лист. Но, таму не најдовме ништо. Ниту овој џип ниту кое  било  друго возило. Вие не сте пријавиле возила на ваше име или на име на некој член на вашето семејство. Затоа, без да претпоставуваме и да погодуваме, денес, повторно ве замолуваме да се појавите и да ѝ соопштите на јавноста чиј е лускузниот џип во кој вие често се возите. Еве ви шанса сама да кажете. Овие прашања немаат за цел ниту да ја навредат госпоѓата Шекеринска ниту да му наштетат на нејзиното семејство. Но, почитувани, оваа држава има закони и се обидува да наметне принципи на транспарентност на приходите на политичарите. Тоа е минимум обврска која ја има и госпоѓата Шекеринска ако сака себеси да се претставува како европски политичар, велат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top