| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ силно го поддржаа Законот за постапување со бесправно изградени објекти

vmro-dpmne1_1

Со Законот за постапување со бесправно изградени објекти кои беше донесе  во 2011 година од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, односно легализацијата на бесправни објекти, се овозможи секој граѓанин во Република Македонија да може да си го легализира својот објект во кој живее, истакна Лилјана Затуроска, пратеник во Собранието на Република Македонија.

– Со самиот успех на проектот граѓаните покажаа дека оваа мерка била и повеќе од неопходно со што многу граѓани поведоа постапки за легализирање на своите објекти. Во општините пристигнаа повеќе од 350.000 предмети за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, од кои досега во Агенцијата за катастар на недвижности се спроведени 80-90. 000 решенија – рече Затуроска и додаде дека како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ силно го поддржуваат овој Закон затоа што веруваваат дека е и повеќе од потребен за граѓаните.

Со новите измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кои се продолжува рокот за доставување на геодетски елаборати за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект до 31 декември 2015 година, а не како што беше до сега до јуни 2014 година. Со оваа измена се овозможува сите оние граѓани кои не успеале од било какви причини да ја искористат можноста да станат легални сопственици на своите објекти сега тоа да го направат. Исто така со оваа предложена измена за продолжување на рокот ќе се овозможи доволен период за изработка и доставување на геодетски елаборати кои поради бројноста на друштвата и заради големиот број на предмети, не се во можност се изработат во предвидениот законски рок.

Втората измена во законот се однесува на продолжување на рокот за  поднесување на барање за утврдување на правен статус на бесправни доградби на објекти со намена домување во станбени згради – тераси и тераси пренаменети во станбен простор. За легализација на терасите и терасите претворени во станбен простор, се изврши промена на висината на надоместокот, односно се утврди надоместок наместо во висина на комуналиите да биде во висина од 61 денар или 1 евро по метар квадратен. Новиот рок за доставување на овие барања за легализација на терасите и терасите претворени во станбен простор е 30 јуни 2015 година, доколку истите тие објекти се изградени до денот на влегување во сила на Законот за постапување со бесправно изградени објекти односно пред 3 март 2011 година.

Третата измена на Законот, се однесува на  допрецизирање на постапката за утврдување на правен статус на линиски инфраструктурни подземни објекти како што се водовод, канализација, општички и телекомуникациски мрежи кои биле бесправно изградени. За таа цел се изработува посебен геодетски елаборат од страна на компаниите кои претендираат на нив и истите ги користат, со оглед на карактерот на овој вид на објекти.

Веруваме дека со овие измени кои ги донесе Владата, а беа на барање на многу граѓани повторно се излезе во пресрет на проблемите кои ги мачат граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ многупати досега докажа дека во секое време има слух за граѓаните спроведувајќи стотици проекти кои го олеснуваат живеењето на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top