| четврток, 6 декември 2018 |

Распишани локални избори на 24 март

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ги распиша локалните избори што ќе се одржат на 24 март

1008974786Вељаноски денеска, во согласност со роковите утврдени во Изборниот законик, го потпиша Решението за распишување избори на членови на советите на општините и Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје.

Законските одредби предвидуваат локалните избори да се одржат во втората половина на март, а во законскиот рок од 70 до 90 дена на располагање биле два термина, првиот е 24 март, а вториот 31 март, но бидејќи на 31 март е голем верски празник Велигден за граѓаните од католичка вероисповед, претседателот на Собранието решил локалните избори да ги закаже на 24 март.

Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија, како орган за спроведување на изборите.

Претседателот на Собранието во денешната кратка изјави ги повика сите учесници во изборниот процес своето однесување и своите постапки да ги раководат и усогласат исклучително со одредбите од Уставот и од законите со што, според него, ќе овозможи континуитет во добивањето позитивни оценки за спроведување на овој исклучително значаен процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top