Нема плата, нема ниту фудбал, а за драстичен чекор се решија играчите на Расинг Сантандер, кои одбија да го одиграат реваншот од „кралскиот“ куп против Реал Сосиедад. Играчите на Расинг немаат добиено плата извесен период и се одлучија за бојкот. Реал Сосиедад го доби првиот меч со 3-1, овој дуел ќе биде регистриран со службен резултат од 3-0 и тие одат понатаму.
Одлуката на играчите на Расинг, со скандирање ја поддржаа и навивачите на овој тим, а дали ќе има дополнителни казни од шпанската федерација ќе се знае наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)