| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми: Ако нема консензуален кандидат, можни се предвремени избори

abdulakim-ademi_2

– Доколку нема консензуален кандидат, можни се предвремени избори – изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање и член на највисокото раководство на ДУИ Абдилаќим Адеми.

– Ставот на ДУИ е дека доколку немаме позитивен одговор, сите опции серизно ќе бидат разгледани, не исклучувајќи и предвремени избори. ДУИ сè уште нема дискутирано со коалициските партнери и нема донесено одлука за предвремени избори – изјави Адеми за телевизија „Алсат“.

Според него, претседател избран со конзензус би бил легитимен претставник на сите граѓани, чекор напред и воведување нов стандард дека за важни теми треба усогласеност.

– Ние сме во очекување на одговор од политичките партии за нашата понуда за консензуален кандидат. ДУИ смета дека доколку немаме разбирање од политичките партии, ќе го прифатиме како неподготвеност на партиите да се соочат со предизвиците – изјави Адеми.

ДУИ, според него, оваа идеја ќа ја држи отворена и активна се до нејзино исполнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top