| четврток, 6 декември 2018 |

Стихозбирката „Зад лавиринтот“ подарок за 85. роденден на академик Матеја Матевски

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат стихозбирката „Зад лавиринтот“ од академик Матеја Матевски, со поговор на Раде Силјан.

Со публикувањето на ова дело издавачот ја одбележува 85-годишнината од раѓањето на поетот.

– Кај многумина преовладува мислењето дека поезијата ѝ припаѓа на младоста и дека младешките изблици се одраз на занесот по освојувањето на поетскиот Олимп. Нашиот познат автор тоа непишано правило го потврди во далечната 1956 година кога ја објави култната книга „Дождови“, со која одбележи неодминлива етапа во развојните процеси на нашата книжевност. Свежината на поетската мисла читателите ќе ја почувствуваат откако ќе ја прочитаат стихозбирката „Зад лавиринтот“, констатира поетот и литературен критичар Раде Силјан, во текстот под наслов „Матеја Матевски – поетски мудрец со младешки дух“.

mateja_matevski_fitues_i_cmimi

Матеја Матевски е автор на богат литературен опус, високовреднуван и наградуван со престижни домашни и меѓународни признанија. Во последните пет години тој ги објави книгите: „Елегии за тебе – реквием за Рацин (2009), „Пофалба на помнењето“ (2009), „Нирвана“ (2010), „Згура. Одеа по водата. Саќе“ (2011) и „Корени во ветрот-враќање во Стамбол“ (2012).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top