Сите светски медиуми во средата ја пренесоа информацијата од „Лекип“ дека Михаил Шумахер постепено ќе биде буден од вештачка кома, додека, пак, неговата менаџерка Сабине Кем остро ги демантира и им порача да не пренесуваат непроверени информации.
Кем додаде дека шпекулациите за здравствената состојба на Шумахер внесуваат забуна во јавноста и ги замоли новинарите да ги пренесуваат само информациите што излегуваат од болницата во Гренобл или, пак, од семејството на Шумахер.
Кај лекарите постои голем страв дека доколку го разбудат Шумахер од вештачката кома, тој би можел да падне во будна кома, односно состојба на вегетација.
Во соопштението се вели дека Шумахер засега ќе остане во вештачка кома за да се одржуваат нивото на кислород и температурата со цел да не се оптоварува мозокот и би се помогнало да заздрави побрзо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун