| четврток, 6 декември 2018 |

Хју Грант има син од тајна врска со шведска телевизиска продуцентка

Актерот Хју Грант има син од тајна врска со шведска телевизиска продуцентка, соопштува „Сан“. Според изданието, веста е откриена од крштеницата на детето, во која до името на мајката е напишано името на актерот како негов татко. Третото дете на Грант дошло на свет само три месеца пред да се роди син му Феликс од неговата врска со Тинглан Хонг, со која се запознал во ноќен клуб во Лондон. Тинглан Хонг е родена во Кина, а во Лондон живее од 2003 година. Таа е мајка на двете деца на популарниот актер, но самиот тој призна јавно дека двајцата се разделиле. Третото дете, според изданието, е чувано во тајна затоа што двете жени биле бремени од него во исто време. Весникот не посочува дали мајките знаеле дека чекаат дете од еден ист маж, а портпаролот на Грант не коментира. Тој изјавува само дека во моментов актерот живее сам и нема жена до себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top